ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса го уништи Пролетер и стана есенски шампион, Трабзонспорт подобар од Напредок

Денес беше комплетирано 9. коло од Третата лига – Запад кое беше последно за есенскиот дел од сезоната.

Трабзонспорт на домашен терен дојде до третата сезонска победа и со 2:1 славеше над очајниот Напредок од Кичево.

Љуботен немаше сили за изненадување и на домашен терен убедливо беше надигра од екипата на Речица со резултат од 1:4.

Аресими се распука кон Камјани и со 6:3 беше далеку подобар противник, додека Зајази со 2:0 славеше над Врапчиште.

Вчера екипата на Беса со 7:0 го декласираше „фенерџијата“ Пролетер и стана есенски шампион без ниту еден пораз.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!