Беса го совлада Напредок, Аресими подобар од Врапчиште

Денес се одигра 8. коло од Третата лига – Запад. Најубедлива победа имаше екипата на Камјани која со 6:1 славеше над Љуботен. Домаќините имаа предност од 3:1 на полувреме, па во вториот дел без многу проблем и притисок дојдоа до сигурна и убедлива победа.
Лидерот Беса беше сигурен на гостување во Кичево каде со 0:2 славеше над Напредок и ја оправдата фаворитската улога.
„Фенерџијата“ Пролетер немаше сили за изненадување и на домашен терен со 1:4 беше декласиран од екипата на Нераште.
Речица одигра одличен натпревар и на домашен терен дојде до петата сезонска победа, откако со 2:1 славеше над екипата на Трабзонспорт.
Дерби-пресметката меѓу Врапчиште и Аресими заврши со минимална победа од 0:1 за гостите. Победата беше важна и за двете екипи кои претендират за првото место. Аресими со новите три бодови продолжува да го следи лидерот Беса.
На врвот во Третата лига – Запад останува Беса со 22 бодови, четири помалку има Аресими кој е втор, додека третопласираната Речица има 16 бодови. Пролетер останува на дното од табелата без бодови.