ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беса Добри Дол се засили со уште двајца нови играчи

Откако претходно информиравме за шестте засилувања на Беса од Добри Дол, денес екипата се засили со уште две нови засилувања.

Во екипата на новиот член на Втората лига – Запад се приклучија Џемаил Есати и Аљтин Лога.

Есати кој има 20 години доаѓа од редовите на Шкупи, а во својата кариера има настапувано и за Гостивар и Риниа.

31-годишниот Лога доаѓа од редовите на Велешта, а во својата кариера стружанецот има настапувано за Фламуртари од Косово, Струга Трим Лум, прилепска Победа, Велазерими, Гостивар и Камза од Албанија.

Претходно Беса Добри Дол се засили со Седат Бериша, Алмир Реџепи, Владимир Жоглев, Валон Незири, Арлинг Алити и Хакан Лимани.

Тренер на екипата ќе биде Менсур Јакупи, негов помошник ќе биде Амир Велиу, тренер на голманите е Мерсим Зендели, додека Берат Менга е кондициски тренер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!