ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беса добива звучно име на клупата, Александар Таневски е нов тренер

Беса експресно го реши испразнетото тренерско место, по оставката на Амир Вељиу, кој по вчерашниот пораз во Радовиш од Детонит Плачковица, ја превзема вината за лошите резултати и си замина од клубот.

Беса веднаш го реши испразнетото место, откако клубот постигна договор за соработка со Александар Таневски.

39-годишниот Таневски е искусен тренер, кој во својата кариера ги водеше Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев, Скопје и Еуромилк ГЛ.

Таневски ќе ја искористи паузата со цел да може да ја запознае екипата и ќе има доволно време со истата максимално да се подготви за неговиот прв натпревар, односно за своето деби на клупата на второлигашот од Добри Дол.

По паузата Беса на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Борец, каде домашниот тим ќе биде фаворит во обид да стигне до својот петти сезонски триумф, а со тоа да стави и крај на серијата од три последователни победи.

Инаку, по 12 одиграни натпревари во ВМФЛ, Беса има 14 бодови и се наоѓа на деветтото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!