ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Берзати и Тимевски најнови засилувања за Тетекс

Македонскиот второлигаш Тетекс од Тетово претстави уште две засилувања за пролетната полусезона во Втората лига – Запад.

Во Тетово беа промовирани голамнот Бојан Тимевски и фудбалерот од средниот ред Дашмир Берзати.

21-годишниот Тимевски во Тетекс доаѓа од редовите на Локомотива од Градско, тој е „повратник“ кај „штофарите“, а има настапуавн и за Вардар во првиот тим и младинските категории, како и во младинските категории на Скопје.

19-годишниот Берзати пак доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, а во својата кариера има настапувано и за младинската екипата на Шкендија од каде што потекнува.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!