Европски ФудбалФудбал

Бензема: Златната топка ? Се надевам…

Се ближи 29 ноември кога ќе биде прогласен добитникот на престижната награда „Златна топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер за минатата календарска година. Еден од фаворитите е напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, а двете апсолутни легенди на францускиот спорт, Тиери Анри и Зинедин Зидан, сметаат дека треба да биде награден нивниот сонародник Карим Бензема.

Безнема во претходната сезона беше втор најдобар стрелец во Ла Лига – во претходната сезона постигна 30 гола и со тоа по тој параметар го израмни најдобриот резултат во кариерата.

„Златна топка ? Ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека ќе ја добијам. Мило ми е што сум во конкуренција. Среќен сум и се надевам дека работите ќе продолжат да се развиваат вака“, изјави 33-годишниот Карим Бензема.

Да бидам искрен, се надевам дека Златната топка ќе ја добие или Бензема или Нголо Канте“, изјави познатиот француски напаѓач Тиери Анри.

„Бензема е неверојатен фудбалер, имав можност да го тренирам. Добро се сложува со другите, знае се да направи на теренот и мислам дека треба да ја освои Златната топка“, изјави поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Во 2020 година „Златната топка“ не беше доделена поради пандемијата на коронарниот вирус, која скрати многу првенства, а во 2019 година наградата му припадна на Лионел Меси – тоа беше негова рекордна шеста награда. Победник во 2018 година беше Хрватот Лука Модриќ, со што ја прекина десетгодишната серија во која „Топката“ ја освојуваја Меси или Кристијано Роналдо.

По Меси (6) и Кристијано Роналдо (5), најуспешни во историјата на овој избор со по три награди се Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!