Европски ФудбалФудбал

Бензема: Зидан е совршен човек, разочаран сум што го напушти Реал

Карим Бензема изјави дека жали за заминувањето на „совршениот човек“ Зинедин Зидан од Реал Мадрид.

Зидан имаше договор со Реал до 2022 година, но реши да го раскине со заеднички договор. Французинот по втор пат го напушти Реал Мадрид, а одлуката ја донесе откако не успеа да ја одбрани титулата, завршувајќи ја сезоната без ниту еден трофеј.

Бензема, заедно со Зидан, освои три титули европски и две титули во Ла Лига и е разочаран од неговото заминувањето.

“Зизу секогаш беше покрај мене, ме поддржуваше и ми помагаше да го достигнам ова ниво. Mу благодарам. Секако дека сум разочаран што го напушта Реал затоа што е одличен тренер кој освои многу трофеи. Тој е совршен човек. Би го опишал дури и прекрасен. Но, така е како што е живото продолжува“, рече Бензема.

Одличниот напаѓач минатата сезона постигна 30 гола на 46 натпревари во сите натпреварувања, а по шест години доби покана од репрезентацијата на Франција да игра на претстојното ЕП.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!