Европски ФудбалФудбал

Бензема: Сакам Мбапе побргу да дојде во Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона под водство на Карло Анчелоти со тим кој сè уште не е целосно дефиниран. Познато е дека голема желба на клубот е Килијан Мбапе, а младиот соиграч во редовите на шпанскиот великан го повикува и неговиот сонародник Карим Бензема, убеден дека сегашниот напаѓач на Пари Сен Жермен би бил одличен избор за засилување на нападот на Реал.

„Би било одлично да дојде кај нас ако сака да го напушти ПСЖ”, му порача Бензема на Мбапе во јавноста, опишувајќи го својот соиграч од француската репрезентација како агилен, брз и ефикасен и способен за сè.

Бензема сака да игра со Мбапе во нападот, но тој не беше подготвен да ја прифати идејата тоа да се случи во редовите на парискиот тим.

„Идеално, тој треба да дојде кај нас“, одговори тој со насмевка, додавајќи: „сите одлични играчи сакаат да дојдат во Реал Мадрид еден ден, и јас сакам тој да дојде брзо, доколку сака да го напушти ПСЖ, кој исто така е добар тим.”

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!