Европски ФудбалФудбал

Бензема најавува голем трансфер ? „Ќе видиме…“

Пред само една недела Бензема доби покана од Дидие Дешамп и по долго време повторно ќе го видиме во дресот на поранешниот светски шампиони.

Новинарите прашуваа дали Бензема знае нешто за можниот трансфер на Килијан Мбапе во редовите на Реал.

“Мбапе во Реал ? Ќе видиме што ќе се случи, но тој е добредојден во секој случај. Тој е млад играч, феномен, веќе имав шанса да тренирам со него. Тој има брзина, тој е стрелец на голови со одлични квалитети, тој може да направи од првиот допир големи работи на теренот“, рече Бензема.

Бензема тогаш мораше да одговори на прашањето дали Франција го има најсилниот состав за ЕП 2020, во кој покрај него и Мбапе има и играчи од нивото на Антоан Гризман, Пол Погба и Нголо Канте.

“Ако ја погледнете екипата, имате можност да кажете такво нешто, но мора да видиме како ќе изгледа на теренот. Мора да играме со самодоверба, но и да ги почитуваме противниците. Мислам дека сме одличен тим“, рече 33-годишниот голгетер.

Потоа повтори дека ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и дека не планира да си замине.

“Се обидувам да бидам подобар секоја сезона. Сè уште сум во средината на мојот сон. Овде играм фудбал за кој отсекогаш сонував. Денес можете да ми судите според тоа што го работам сега. Ова е мојот фудбал. Ова е клубот на мојот живот. Следната сезона ќе бидам во Реал Мадрид “, изјави Бензема за „Беин Спортс“.

Оваа сезона тој одигра 34 натпревари во Шпанија и постигна 23 гола со девет асистенции. И покрај одличната сезона, Реал не успеа да го освои трофејот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!