Европски ФудбалФудбал

Бензема доби една година затвор за случајот со Валбуена

Карим Бензема со години е надвор од француската репрезентација поради учество во уцената на поранешниот соиграч од репрезентацијата Метју Валбуена, а сега доби и судска одлука.

Капитенот на Реал Мадрид е осуден на една година условно, а ќе треба да плати казна од 75.000 евра.

Бензема, кој негираше учество во тој случај, не беше на суд во Версај, бидејќи Реал денеска игра со Шериф во Лигата на шампионите.

Обвинителите истакнаа дека 33-годишниот напаѓач го охрабрил Валбуена да плати пари на групата што го уценувала, за сексуално експлицитните снимки да бидат надвор од јавноста.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!