Европски ФудбалФудбал

Бенитез оптимист пред Ливерпул: Се е можно во дербито

Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез се надева дека во дербито против Ливерпул неговиот тим ќе ја прекине серијата лоши резултати.

„Карамелите“ се без победа во последните седум натпревари и моментално се на 14. позиција во Премиер лигата.

„Ни претстои голем натпревар. Во лоша форма сме и мора да почнеме да победуваме. Дербито е шанса да се постават работите на вистинското место. Размислуваме да освоиме три бода. Знаеме што значи овој дуел за сите, возбудени сме поради него“, изјави Бенитез.

Поранешниот стратег на Ливерпул е убеден дека победата над „црвените“ може да направи пресврт во сезоната.

„Дербито е важен натпревар, различен од другите. Тоа е можност да промените нешто. Важно е да одиграме добро, а трите бода би значеле голема промена. Ако има добра атмосфера на стадионот, се е можно“.

Шпанскиот стручњак истакна дека ја разбира фрустрацијата на навивачите.

„Сите сакаме да работиме добро. Овој клуб веќе неколку години не е на нивото што го заслужува. Сите сме фрустрирани. На навивачите им е јасно дека имавме одредени проблеми“.

Дербито на програмата е утре со почеток од 21:15 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!