ЕУРО 2020Фудбал

Белгијците се во неволја: Без двајцата најдобри играчи на ЕП

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез наиде на големи проблеми непосредно пред почетокот на Европското првенство.

Имено, тој нема да може да смета на две големи ѕвезди во тимот, Кевин де Брујн и Еден Азар, кои се уште не се опоравиле од повредите.

Азар и неговата повреда се стара приказна со оглед на тоа што тој пропушти поголем дел од сезоната поради тоа, додека Де Брујн претрпе удар во главата за време на финалето во Лигата на шампионите и има скршен нос и скршеница на коската.

„Се надевам дека ќе можам да играм на вториот натпревар“, изјави Де Брујн.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!