ФудбалФудбал - Останато

Белата точка за Де Хеа е „црна“: Шпанецот нема одбрането пенал од 2016 година

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, сметајќи ги вчерашните 11, не успеа да одбрани ниту еден од последните 40 пенали.

Навивачите на Манчестер Јунајтед немаат дилема по завршувањето на финалето во Лигата на Европа – Оле Гунар Солскјер требаше меѓу стативите да го испрати Дин Хендерсон пред пенал рулетот. Неговиот колега Давид Де Хеа не се прослави – тој не одбрани ниту еден од 11-те пенали на Виљареал и го промаши одлучувачкиот, со што го реши финалето во корист на шпанскиот клуб.

Имено, Де Хеа го одбрани последниот пенал пред пет сезони, во 2016 година против Евертон во полуфиналето на ФА купот, кога му го одбрани ударот на Ромелу Лукаку. Оттогаш па се до вчерашната пенал рунда во сите натпреварувања, тој се соочи со нови 25 удари од белата точка и не одбрани – ниту еден. Ако на тоа додадеме четири пенали од Светското првенство во Русија против домаќините, и 11-те од синоќа во Гдањск, ќе дојдеме до бројката од 40 неодбранети пенали. Во истиот период, Дин Хендерсон од 17 пенали одбрани осум.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!