ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица задржа неколку искусни играчи и дополнително ќе се засилува

Беласица вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток со новиот тренер Александар Стојанов.

На располагање на Стојанов ќе бидат искусните Милушев, Сулев, Митевски, Калпачки и Коцев кои ја продолжија соработката со Беласица. Како што дознава Спортска Мрежа во моментот се водат преговори за продолжување на соработката со уште неколку играчи, а во следниот период ќе пристигнат уште неколку квалитетни засилувања кои ќе помагат во зацртаната цел на клубот, враќање во Првата лига.

Во подготвителниот период Беласица ќе се тестира со Детонит, Кожуф, Борец, Каменица Саса и Кит Го од Пехчево.

Инаку, минатата сезона Беласица заврши на последното место на табелата во Првата лига и експресно се врати во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!