ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица утре против второлигашот Плачковица во втор контролен натпревар

Екипата на Беласица утре на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица ќе го одигра вториот контролен натпревар со второлигашот Плачковица од Радовиш.

Струмичките фудбалери вчера на истиот терен го одиграа првиот контролен натпревар со второлигашот Тиквеш од Кавадарци во кој загубија со резултат од 3:2.

Контролниот натпревар меѓу Беласица и Плачковица ќе се игра со почеток од 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!