ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Беласица со сигурен триумф над Кожуф на контролен натпревар

Струмичкиот второлигаш Беласица денес го одигра четвртиот контролен натпревар и забележа сигурен триумф од 0:2 над Кожуф во Гевгелија.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА КОТВА.МК <<<
Стрелец на едниот погодок беше новото засилување од Академија Пандев Димитар Трајков, а вториот гол го постигна Филип Михаилов.
Следен тест за Беласица ќе биде против Победа на 2. февруари во Дојран, а до крајот ќе бидат одиграни уште два – против Кит Го (6. февруари) во Струмица и Вардар (12. февруари) во Скопје.