ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Беласица се засили со Јордановски и Реџепи

Кристијан Јордановски и Ахмет Реџепи се новите фудбалери на Беласица, кои ја засилуваат стоперската позиција, за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.
23-годишниот Јордановски во Струмица доаѓа од Слога Виница, а во минатото бил член и на Тетекс, Плачковица, Пехчево, штипска Брегалница, Вардaр и Македонија Ѓорче Петров, додека пак 21-годишиот Реџепи настапуваше за екипите на Беса, Шкупи, Њу Старс и Металург.
Новата сезона Беласица ја отвара со гостувањето во Радовиш кај Детонит Плачковица.