ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица се засили со четири српски таленти

Струмичкиот прволигаш Беласица денес и официјално ги потпиша четирите српски таленти кои ќе треба да помагат во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Вулиќ, Миленко Мијатовиќ, Страхиња Шево и Дамир Аврамовиќ се новите засилувања за пролетниот дел, кои во Струмица доаѓаат од српската екипа Инџија.

Србите ставија потпис на договор во времетраење од две ипол години.

Беласица есенската полусезона заврши на последното место на табелата со само 9 освоени бодови, а во пролетниот дел ќе води тешка борба за опстанок во елитата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!