ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Беласица ремизираше без погодоци со Сремска Митровица

Македонскиот прволигаш Беласица денес на „Дојранско Езеро“ во Дојран одигра реми без погодоци со Сремска Митровица од Србија.
Беласица претходно загуби од Тиквеш со 2:3, потоа со 3:0 беше подобра од Плачковица, а со третолигашот Њу Старс одигра реми без голови, додека на контролката со Кожуф беше подобра со 0:2. Следен тест за Беласица ќе биде против второлигашот Слога во Виница.