ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица претстави четири квалитетни засилувања

Второлигашот Беласица интензивно се подготвува за новата сезона од Втората лига – Исток, во која струмичани влегуваат со единствена цел за експресно враќање кон елитата. За таа цел денес во Струмица беа претставени четири нови квалитетни засилувања кои ќе треба да помогнат во остварувањето на целта – враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Денес на „Благој Истатов“ во дресот на Беласица позираа Васил Крстев, Спасе Терзиев, Петар Гугуљанов и Иван Николоски.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!