ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица, Победа и Слога 1934 до три бода, Детонит и Кожуф до важни победи

Кожуф со убедливи 0:7 буквално ја распадна Локомотива и ја испрати во Трета лига – Југ. Второлигашот од Гевгелија забележа многу важен триумф во битката за сигурен опстанок во второлигашкото друштво. Локомотива немаше сили да парира на одличниот и силен Кожуф кој на полувреме имаше водство од 0:2 со погодоците на Томица Петров и Бојан Јанев. Во вториот дел Јанев постигна уште два погодоци за хет-трик, двоен стрелец беше Костадинов Никола, а еден гол беше дело и на Раде Ристенски.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Беласица со убедливи 3:0 го доби Пехчево на домашен терен. Струмичани на полувреме имаа водство од 2:0 со погодоците на Филип Михаилов и Стефан Сулев. Во вториот дел конечните 3:0 ги постави Александар Коцев во 54. минута.

Лидерот Слога 1934 со погодокот на Андреј Симевски постигнат во вториот дел обезбеди минимален триумф над Осогово (0:1) и останува на врвот од табелата во Истокот.

Детонит со херојска победа на „Могила“ од 1:2 над Братство со што радовишани сега имаат одлична можност за сигурен опстанок во Втора лига за следната сезона. Погодоците паднаа во вториот дел, а резултатот го отвори Милан Чичевски во 64. минута, а по 12 минути игра Славчо Јанев ја погоди противничката мрежа за водство од 0:2. Во финишот од мечот Мартин Петров си постигна автогол за конечни 1:2.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Победа на крилата на Бојан Спиркоски забележа многу важен триумф на патот кон промоција во Прва лига. Гостите од Прилеп уште во 16. минута дојдоа до водство со голот на Бојан Спиркоски. На стартот од второто полувреме Спиркоски со втор гол зголеми на 0:2. Во 50. минута Дарко Алексовски од пенал намали на 1:2 и ја врати Саса во игра за бод, но и за цел „плен“, но до крајот Победа не дозволи изненадување, а ветер во грб беа и верните „мајмуни“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!