ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица најголем фаворит во Втора лига – Исток за враќање во Прва лига!

Во новата сезона од Втората лига – Исток две екипи за првпат ќе се натпреваруваат како второлигаши – Братство од Житоше и Локомотива од Градско. Двете екипи доаѓаат од Трета лига – Југ, Братство преку баражот, каде беше подобар од Хоризонт Турново, додека Локомотива како шампион на ТМФЛ – Југ.

Следната сезона во ВМФЛ – Исток ќе се натпреваруваат: Беласица, Победа, Кит Го, Слога Виница, Кожуф, Каменица Саса, Осогово, Детонит, Локомотива Градско и Братство.

Струмичка Беласица ќе важи за најголем фаворит за првото место, а со тоа и експресно враќање на струмичани во Првата лига. Беласица одлично заработи од трансферот на Бесар Гуџуфи, младиот фудбалски талент од следната сезона ќе настапува за турскиот шампион Бешикташ, а од продажбата на 16-годишникот Беласица заработи речиси половина милион евра, или поточно 480.000 евра. Ваквата финансиска инекција ќе значи дека Беласица без проблеми ќе направи квалитетен и силен тим кој би требало без поголеми проблеми да се врати во елитата.

Конкуренцијата за второто место и баражот ќе биде интересна. Најголеми фаворити тука би биле прилепска Победа, Кожуф и Кит Го од Пехчево. Според информациите кои што кружат во фудбалската јавност, прилепчани би требало да склопат конкурентен тим за следната сезона и да го напаѓаат врвот во Истокот.

Скоро сите екипи ќе бидат изедначени и ќе се борат за што повисок пласман на табелата. Минатата сезона Слога од Виница забележа одлични резултати и сезоната ја заврши на високото четврто место пред Кожуф, што може да значи изненадување на било која екипа за следната сезона, а првенствено ќе значи од засилувањата кои ќе бидат ангажирани од страна на екипите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!