ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица на контролен натпревар против Кожуф во Гевгелија

Беласица денес игра нов контролен натпревар против второлигашот Кожуф на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 14:00 часот.

За струмичкиот прволигаш ова ќе биде четврт контролен наптревар. На првиот одигра во Струмица, Беласица загуби од Тиквеш со 2:3, потоа следуваше тест со Плачковица каде екипата на Беласица славеше со убедливи 3:0, а на последниот контролен натпревар струмичани ремизираа без голови со третолигашот Њу Старс од Скопје.

За Кожуф денешниот контролен натпревар со Беласица ќе биде втор, во првиот екипата од Гевгелија ремизираше со третолигашот Вардар Неготино играјќи 2:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!