Беласица ќе брка први бодови, соочување на Вардар и Охрид, Гостивар и Пелистер сакаат три бода

Денес се игра 2. коло од Втората македонска фудбалска лига. Пелистер во Битола ќе ја пречека екипата на Беса од Добри Дол, во меч каде битолчани ќе имаат фаворитска улога за трите бодови.
Катамаран „Potpes Crusing“ ви нуди најубаво и уникатно крстарење по Охридското Езеро
Гостивар сака три бодови против Каменица Саса, во меч каде домаќинот ќе ја има фаворитската улога, а пак за гостите од Македонска Каменица се освен пораз би било позитивен исход.
Воска Спорт на домашен терен ќе го пречека составот на Локомотива Пехчево, додека пак Караорман патува во Виница каде ќе се соочи со Слога.
Беласица денес ќе биде под притисок за трите бодови бидејќи во првото коло загуби во Радовиш, трите бодови за струмичани се повеќе од потребни во дуелот со Борец.
Тетекс на домашен терен ќе има незгоден меч против амбициозниот тим на Детонит Плачковица од Радовиш. „Штофарите“ во претходното коло загубија од Охрид, додека пак радовишани одлично ја отворија сезоната со триумф од 2:0 над Беласица, а тоа е повеќе од доволен мотив за триумф и нови три бодови во Тетово.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Вардар со триумф тргна во новата сезона, откако славеше над Арсими, а денес ќе биде домаќи на Охрид, кој исто така тргна победнички. Трите бодови се императив и за двете страни.
Во Гевгелија ќе се соочат засилениот Кожуф и амбициозниот Арсими, кој е нов член на второлигашкото друштво.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Сите натпревари стартуваат во 16:00 часот.