ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица и Осогово сакаат победа, лидерот Слога 1934 на незгодно гостување, дерби во Каменица

Денес се играат натпреварите од 22. коло на Втората фудбалска лига – Исток кои може да донесат промени на табелата.

Во Македонска Каменица ќе се соочат Саса и Пехчево во дерби меч за трите бодови кои се повеќе од потребни и за двете екипи. Саса сака пласман во Прва лига, а пак Пехчево сигурен опстанок во Втора лига.

Фаворитската улога ќе биде на страната на Саса поради подобрата форма и домашниот терен како и поддршката од домашните навивачи која ќе значи многу. За гостите се освен пораз би било позитивен исход во борбата за опстанок во Втората лига.

Беласица нема право на грешка на тешкото гостување во Кочани кај екипата на Саса. И на овој меч трите бодови ќе бидат императив и за двете страни. „Жетварите“ сакаат три бода за да се зацврстат на петото место и со тоа да го обезбедат опстанокот во второлигашкото друштво, а од друга страна Беласица цели кон цел „плен“ со цел да продолжи да го напаѓа првото место и со тоа да направи експресен камбек во елитата.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Вчера тренерот на Осогово, Александар Андов за Спортска Мрежа изјави дека неговата екипа ќе се бори до последната минута со Беласица за позитивен резултат во меч кој очекува да биде тврд и тежок.

Победа денес гостува на теренот во Градско каде ќе важи за апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Локомотива која од следната сезона експресно се враќа и ќе настапува во Трета лига – Југ. Оечкувањата се триумф за прилепчани, а се освен тоа ќе биде големо изненадување.

Лидерот Слога 1934 ќе има незгодно гостување на Могила каде ќе се соочи со екипата на Братство од Житоше. Екипата на Братство е пред многу тешка мисија за опстанок во второлигашкото друштво евентуалното освојување на трите бодови ќе ги остават надежите на второлигашот од Житоше да се надева на опстанок, а од друга страна гостите од Виница сакаат цел „плен“ и задржување на врвот од табелата.

Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ

Во случај на кикс на Слога 1934 многу веројатно би имало смена на врвот на табелата уште денес бидејќи Победа ќе биде апсолутен фаворит во Градско за трите бодови.

Детонит денес го игра клучниот меч за опстанок против Кожуф на домашниот терен во Радовиш. Домаќинот е во длабока резултатска криза и на последните пет натпревари има реми и четири последователни порази што го „закова“ на осмото место на табелата и шест бода негатива во однос на седмото и шестото место на табелата, места кои гарантираат сигурен опстанок во Втора лига. Радовишани ќе бидат исправени пред сериозен предизвик против гостинот од Гевгелија кој на последните пет натпревари има подобра форма, односно три последователни ремија, триумф и пораз во Пехчево во претходното коло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!