ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица и Осогово ќе играат контролен натпревар под рефлектори

Беласица во недела ќе го одигра вториот контролен натпревар против екипата на Осогово од Кочани. Интересно е тоа што овој натпревар ќе биде одигран во ноќен термин од 20:00 часот, односно ќе се игра под рефлектори на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица.

Во претходниот контролен натпревар Беласица одигра 1:1 со радовишки Детонит во Струмица.

Инаку, струмичани се први фаворити заедно со прилепска Победа за првото место во Втората лига – Исток и враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!