ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица и Брегалница со пријателски меч по повод прославата на 100 години од формирање на струмичкиот клуб

Беласица се подготвува за прославување на 100 години од формирањето на клубот. По тој повод е договорен пријателски натпревар кој ќе биде одигран на 31. јули помеѓу Беласица и штипскиот прволигаш Брегалница.

Беласица сезонава заврши на второто место во Втора лига – Исток и играше во баражот за влез во Прва лига, но истиот го загуби со 2:1 од прволигашот Скопје и останува второлигаш и во следната сезона. Колку за потсетување, следната сезона од Втора лига ќе биде единствена со 16 екипи.

Пред десетина дена Шефки Арифовски беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на Беласица, откако младиот тренер Александар Стојанов си замина од клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!