ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица го шокираше Шкупи, реми меѓу Вардар и Ренова во дербито за опстанок, Пелистер со голем триумф над Силекс

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Пелистер на домашен терен стигна до голема пресврт победа над Силекс со 3:2. Гостинот од Кратово стигна до брзо водство на „Под Тумбе Кафе“ уште во 3. минута со гол на Горгиев Пепи, кој веќе во 19. минута со втор донесе двојна предност за Силекс. Пелистер брзо се врати во игра, откако Драгарски Христијан намали на 1:2 со гол во 24. минута, а по шест минути игра Илијовски Ристе израмни на 2:2. Нето во 71. минута постигна гол за конечните 3:2 и голема победа за Битолчани.

Беласица направи голема сензација откако во Скопје со минимални 0:1 славеше голема победа над фаворитот Шкупи. Стрелец на единствениот погодок постигнат во 11. минута беше Демир Бенјамин. И во Тетово со 1:0 Шкендија минимално славеше над Академија Пандев со гол на Ибраими Бесарт постигнат во 53. минута.

Македонија Ѓорче Петров триумфираше над Борец на домашен терен со 2:1. „Лавовите“ стигнаа први до водство во судиското надополнување на првиот дел со гол на Фазли Самир. Во 66. минута Фазли со втор гол ја дуплираше предноста на „лавовите“. Конечните 2:1 ги постави Мишов Александар во 84. минута од натпреварот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Дербито за опстанок во елитата меѓу Вардар и Ренова заврши со по еден гол во мрежата (1:1) и ги поделија бодовите. „Гипсарите“ стигнаа први до водство во 15. минута со гол на Јашароски Ален, а вардарци преку Мирчевски Мартин ги постави конечните 1:1 во 44. минута од натпреварот.

Реми и во Струга од 1:1 меѓу Струга Трим Лум и Работнички. Домашната екипа стигна прва до водство со гол на Миленковски Филип постигнат во 33. минута од мечот. Во вториот дел „романтичарите“ преку Станковски Марио во 58. минута ги поставија конечните 1:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!