ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Беласица го промовираше Џихан Адили како најново засилување

Второлигашот Беласица потпиша соработка со уште еден нов играч за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.
Ново име во таборот на струмичани е Џихан Адили, кој е играч за врска, а во Струмица доаѓа од редовите на Кораби, кој испадна од Втора лига – Запад во Трета лига – Југозапад.
20-годишникот Својата кариера ја започна во Шкупи, каде ги помина сите категории во младинската школа.