ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица го доби тестот со Локомотива од Градско

Фудбалерите на Беласица денес во Струмица со 2:0 беа подобри од Локомотива од Градско, во контролен натпревар пред стартот на новата сезона од Втората лига – Исток.

Васко Глигоров и Александар Коцев беа стрелци на погодоците за струмичкиот второлигаш.

Беласица минатата сезона испадна од Првата лига, откако сезоната ја заврши на последното место, а во новата сезона влегува со цел за експресно враќање во ПМФЛ. Од друга страна, Локомотива од Градско е нов член на Втората лига – Исток, откако минатата сезона заврши на првото место на табелата во Третата лига – Југ.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!