ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица ги започна подготовките, Ѓоре Јовановски со единствен цел – опстанок во Прва лига

Беласица со новиот тренер Ѓоре Јовановски ги започна подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Јовановски денес со екипата имаше два тренинга.

Во есенскиот дел од сезоната Беласица промени два тренири. Прв беше Ване Милков, а по него дојде Шефки Арифовски кој на клупата остана до крајот од есенската полусезона. Јовановски ќе биде трет тренер кај струмичани кој ќе имаат тешка задача во борбата за опстанок во македонската елита.

Искусниот Јовановски во својата кариера ги има предводено Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано од Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница од Штип и турски Самсунспор. Јовановски исто така е и поранешен селектор на македонската репрезентација.

Единствена цел на новиот тренер Ѓоре Јовановски ќе биде да избори опстанок во Првата лига, бидејќи Беласица е „закована“ на дното од табелата со 9 освоени бодови и ја чека голема борба за опстанок во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!