ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица ги закажа подготовките, најавени и првите засилувања

Беласица која минатата сезона заврши на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

Клубот го назначи младиот стратег Александар Стојанов за нов тренер минатата недела, а струмичкиот второлигаш подготовките за новата сезона ги закажа за 7 јули (среда).

Следната година Беласица ќе прослави 100 години од формирањето на клубот, а целта е струмичката гордост да се врати во елитата за 100-годишнината од нејзиното формирање.

На промоцијата, новиот тренер изјави дека целта ќе биде Беласица експресно да се врати во македонската елита.

„За мене преставува огромна чест и задоволство што после долги години ми се укажа прилика од страна на раководните луѓе да се вратам во мојот матичен клуб. Ќе се трудам да работам најдобро што можам, ветувам напорна работа, а сите во клубот си поставуваме една цел, а тоа е за 100 – годишнината на клубот, роденденскиот поклон за нашите навивачи да биде експресно враќање во ПМФЛ“ – изјави Стојанов.

Како што дознава Спортска Мрежа, костурот на екипата за следната сезона ќе биде сочинет воглавно од фудбалери од струмичкиот крај, дополнително засилен со уште неколку квалитетни засилувања, кои ќе бидат објавени во следниот период.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!