ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Беласица ги промовираше Јовановски и Давков

Тоа што Спортска Мрежа го најави пред една недела во интервјуто со тренерот Александар Стојанов денес доби потврда – Беласица ги промовираше Дарио Јовановски и Грегори Давков како нови засилувања за пролетната полусезона во Втората лига – Исток.
>>> РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ НА ПОНИКВА – ЗИМСКА ПОНУДА НА КОТВА.МК <<<
Јовановски е роден 2003 година и треба да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција, во Струмица доаѓа од Вардар.
Давков исто така е роден 2003 година, тој игра на левата бековска позиција, а есенската полусезона ја помина во редовите на прволигашот Скопје.