ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беласица ги претстави Јанкуловски и Трајков

Струмичкиот второлигаш Беласица денес ги претстави двајцата млади играчи во ростерот како освежување за пролетниот дел во Втората фудбалска лига – Исток.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

20-годишниот Леонид Јанкуловски ќе биде освежување за крилните позиции кај струмичани, а на „Благој Истатов“ доаѓа од редовите на прволигашот Скопје, како што претходно најави Спортска Мрежа во интервјуто со тренерот Александар Стојанов.

Димитар Трајков кој има 17 години ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот, а во Беласица доаѓа на позајмица од редовите на струмичкиот прволигаш Академија Пандев, за што веќе Спортска Мрежа информираше пред неколку дена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!