ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Беласица со победа над Кожуф на контролката во Гевгелија, Андерсон ја погоди мрежата на второлигашот!

Струмичкиот прволигаш Беласица со 0:2 беше подобар на контролниот натпревар против второлигашот Кожуф одигран на Градскиот стадион во Гевгелија.

Второлигашот си постигна еден автогол, додека другиот гол го постигна новото засилување на струмичани Андерсон Барбоса Сантос.

Беласица претходно загуби од Тиквеш со 2:3, потоа со 3:0 беше подобра од Плачковица, а со третолигашот Њу Старс одигра реми без голови. Кожуф на првиот натпревар одигра нерешено со третолигашот Вардар од Неготино играјќи 2:2.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!