Европски ФудбалФудбал

Бејл донесе одлука за кариерата!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл одлучи да ја продолжи кариерата и, како што пренесуваат шпанските медиуми, тој ќе биде дел од „кралскиот клуб“ и следната сезона.

Велшкиот репрезентативец минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем, клубот од кој дојде на „Сантијаго Бернабеу“, но веќе некое време е јасно дека тој нема да остане во Лондон.

Неодамна беше споменато дека Бејл може да замине во американската МЛС лига, се пишуваше за можна пензија, но искусниот фудбалер ќе биде на платниот список на клубот со кој има договор до летото 2022 следната сезона.

Заминувањето на Зинедин Зидан и доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал му отворија можност на Бејл да се избори за место во тимот, особено ако се знае дека италијанскиот тренер го донесе во Мадрид во 2013 година.

Велшанецот одигра 251 натпревар за Реал Мадрид – постигна 105 голови и забележа 68 асистенции. Освои 13 трофеи, од кои четири беа во Лигата на шампионите и два во Примера.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!