ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими со нов триумф, БВК Коњаре се врати на победите, Фортуна убедлива!

Волково на домашен терен доживеа вистинска катастрофа, откако со високи 0:6 беше поразен од Фортуна. До високиот триумф Фортуна стигна со погодоците на Јованчо Цаневски и Фљорим Муртезани, како и двојните стрелци Сеад Јакупи и Харбин Муртезани, во меч од 9. коло на Трета лига – Север.

Башкими Љуботен со погодоците на Адем Аџами и Бљерим Арифи ја доби Риниа со 2:0, додека пак Башкими со 3:1 славеше над Еуромилк ГЛ на домашен терен со двата погодоци на Самир Крутај и едниот гол на Биљали Хасна, а за гостите погоди Ахмед Бакијов.

Маџари Солидарност со 1:2 загуби дома од БВК Коњаре. За домашниот тим погоди Дамјан Ивановски, а пак за гостите стрелаа Фати Јусуфи и Орхан Мифтар. Со 2:1 на домашен терен победа однесе Аеродром над ССК Нова. За домашниот тим погодија Кристијан Апостоловски и Леонид Филиповски, а за гостите Ферди Исмаиловски.

Илинден и Беса Влазрими го поделија „пленот“ играјќи 2:2. Стефан Трајановски и Стефан Ивановски беа стрелци за домашниот тим, а пак за гостите Егзон Османи и Харун Касуми.

Кадино со 3:1 беше сигурен против Петровец на домашен трен. Ѓорѓи Малов, Никола Спасевски и Оливер Пеев беа стрелци за домашниот им, а пак за гостите погоди Александар Божинов.

Раштак дома беше поразен од Студена Вода со високи 1:3. За домашниот тим срелец беше Александар Караиванов, а пак за гостите Дарко Тодоровски беше стрелец на првиот гол, а останатите два беа дело на Христијан Благоевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!