ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими со минималец над Риниа, ССК Нова со триумф над Илинден, Башкими Љуботен убедлив со ОСУМ погодоци!

Денес беа одиграни натпреварите од 10. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.

Петровец и Раштак го поделија „пленот“ во меч без погодоци (0:0), а пак Беса Влазрими со минимални 1:0 славеше над ланскиот второлигаш Кадино со голот на Локман Шабани. Со 0:1 славеше и Башкими против Риниа со автоголот на Абдулфета Исмаили.

Фортуна со погодоците на Етеми и Јакупи славеше над Студена Вода со 2:1. За гостите единствен стрелец беше Гоце Насковски.

ССК Нова со 3:2 славеше над Илинден на домашен терен. За домашниот тим стрелаа Маркоски, Митрев и Сељанац, ап ак за гостите погоди Стефан Трајановски.

БВК Коњаре стигна до нов триумф, откако со 2:0 славеше над Аеродром на домашен терен со головите на Јусуфи и Бакиевски.

Еуромилк ГЛ и Маџари Солидарност го поделија „пленот“ откако ремизираа играјќи 3:3. Ѓурчиновски, Бакијов и Крстевски беа стрелците за домашниот тим, додека пак за гостите Андреј Рајатоски беше двоен стрелец, а пак Ивановски беше стрелец на третиот гол.

Волково на домашен терен доживеа нова катастрофа, откако Башкими Љуботен со 0:8 го декласираше за висока победа. Авдулаи постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Курти, Емини, Фетаи, Зејнулахи и Бајрами.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!