Башкими од Горно Јаболчиште со амбиции за Трета лига – Југ

Четвртолигашот Башкими од Горно Јаболчиште со амбиции за влез во Трета лига – Југ.
Клубот е формиран во 2005 година со иницијатива на младите од селото, клуб којшто е финансиски стабилен. Раководството на клубот има обезбедено стабилни спонзори кои го помагаат клубот, како финансиски така и со опрема која што е неопходна за тренинг. Обезбедени се домашни и гостински дресови преку спонзори од Турција, кои исто така редовно го помагаат клубот.
Четвртолигашот располага со голем фонд на играчи и за следната сезона ќе атакува на прво место и влез во Трета лига – Југ, но се соочува со еден сериозен проблем околу немањето на терен во Горно Јаболчиште. Екипата е приморена да патува и до 40 километри за да користи други терени во Чашка или Велес за тренинг или за одигрување на натпреварите од Општинската лига.
Од клубот се надеваат дека ќе се овозможат услови за изградба на терен, со цел да може да имаат редовни тренинзи и да може во самото село да ги играат домашните натпревари.
Во клубот има неколку искусни играчи со третолигашко искуство како Усинов Ерхан, Јајов Мустафа и искусниот Ахмедов Џемил кој е капитен на екипата, играчи кои ќе треба да му помогнат на четвртолигашот следната сезона да избори влез во Трета лига – Југ.