ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими на дождот убедливо го доби дербито со Фортуна, високи победи за Илинден и Аеродром

Се комплетираше 13-тата рунда од Третата македонска фудбалска лига – Север. Башкими на дождот во Куманово со убедливи 4:1 ја декласираше Фортуна и уште еднаш потврди дека е на вистинскиот пат кон баражот за Втора лига.

Денешниот триумф беше голема радост за домашниот тим, кој „гази“ кон промоција во второлигашкото друштво. Некогашниот прволигаш доминираше во текот на цел меч, а дождот не беше пречка четири пати да ја стресе мрежата на гостите.

Резултатот рано го отвори Амар Имери, кој уште во 10. минута постигна гол за водство од 1:0. Домашната публика беше силна поддршка за Башкими, кој преку Егзон Азири стигна до водство од 2:0 на полувреме. Гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во ЖИВО да го следат дербито на колото од третолигашкото друштво на Северот.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Башкими, откако Ведат Бајрами постигна гол за 3:0. Трите бодови веќе со сигурност беа обезбедени, радоста кај домашните навивачи беше голема бидејќи нивниот миленик веќе во 79. минута преку Куштрим Даути стигна до убедливо водство од 4:0.

Фортуна во финишот на мечот со голот на Фљорим Муртезани го ублажи поразот на конечни 4:1.

Башкими останувана на врвот од табелата со 34 бодови три повеќе од второпласираниот БВК Коњаре, додека пак Фортуна е трета со 26 бодови.

На Волково му се „падна“ седумка, откако на гостувањето кај Аеродром беше поразен со убедливи 7:0 и останува „закован“ на дното од табелата.

Киприновски го отвори резултатот уште во 1. минута од мечот, а до крајот на мечот двојни стрелци за домашниот тим беа Каланоски и Филиповски, додека пак Недељковиќ беше стрелец на еден гол, а Николче Стојановски од Волково си постигна автогол.

Илинден на крилата на Божиновски ја надигра Риниа и запиша убедлива победа од 6:2. Дамјан Божиноски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Илиевски, Трајановски и Петровски, а за гостите двоен стрелец беше Абдулфета Исмаили.

Петровец на домашен терен беше поразен со 1:2 од Беса Влазрими. Домашниот тим во 79. минута го отвори резултатот преку Божинов за водство од 1:0. Гостите брзо се обидуваат да постигна гол барем за бод, а тоа го направија преку Исмаили во 87. минута кога резултатот беше израмнет на 1:1. Само три минути подоцна Шуајб Бајрами стрелаше за комплетен пресврт и конечни 1:2.

Вчера, Студена Вода со 5:0 славеше над ССК Нова, а пак денес Маџари Солидарност со 1:2 беше поразен од Башкими Љуботен, Кадино го доби дуелот со Еуромилк ГЛ со високи 5:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!