ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими Љуботен ги стартува подготовките за новата сезона

Третолигашот Башкими Љуботен денес ги стартува подготовките за новата сезона од Третата лига – Север, во која екипата влегува со високи амбиции за врвот од табелата и пласман во Втората лига.

Екипата е сочувана и дополнително засилена со шест нови играчи, кои со нивното искуство ќе треба да помогнат во остварување на зацртаните цели на клубот.

Претседателот Наим Салиу вели дека клубот има капацитет да се избори за повисок ранг на натпреварување.

„Денес ги започнуваме подготовките за новата сезона од Третата лига – Север. Екипата има нови шест засилувања, ќе атакуваме да бидеме главни конкуренти за првото место и Втората лига, имаме капацитет, имаме искусни фудбалери, играчите, управата, тренерот, сите заедно ќе дадеме голем допринос за да ги оствариме нашите цели. Имаме голема желба да бидеме дел од второлигашкото друштво следната сезона, секако имаме почит кон сите екипи и се надеваме на фер и коректна игра на зелените терени“, вели Салиу за Спортска Мрежа.

Башкими Љуботен имаше солидна сезона зад себе, па тоа ќе биде мотив плус во новата сезона да се одигра уште подобро во однос на остварување на зацртаните цели.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!