ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими и Студена Вода се „распукаа“, три бода за Еуромилк

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 7. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.

Најубедлива победа запишаа екипите на Башкими и Студена Вода, а на висок триумф прослави и Аеродром.

Риниа на домашен терен беше поразена од Фортуна со минимални 0:1, а стрелец на победничкиот гол беше Јованчо Цаневски.

Волково на домашен терен беше убедливо поразен од Еуромилк ГЛ со високи 3:5. За домашниот тим двоен стрелец беше Петар Спировски, а пак Ангел Тодоровски беше стрелец на еден гол. За гостинската екипа Енсар Сулемани беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Самир Бафтијари, Ахмед Бакијов и Роберт Тасевски.

Башкими Љуботен и БВК Коњаре го поделија „пленот“ играјќи 1:1. Двата погодоци паднаа уште на стартот од натпреварот. Фисник Зејнулахи погоди во 10. минута за водство на домашниот тим, а пак Кристијан Ристовски во 19. минута ги постави конечните 1:1.

Башкими на домашен терен демонстрира моќ, даде седум голови против ССК Нова (7:0). Мергим Љутфиу постигна два погодоци, а по еден гол постигнаа Егзон Азири, Амар Имери, Самир Крутај, Ринор Исени и Ведат Бајрами.

Маџари Солидарност на домашен терен загуби од Беса Влазрими со 1:2. За домашната екипа единствен стрелец беше Андреј Рајатоски, а пак за гостите погодија Локман Шабани и Харун Касуми.

Аеродром со двата погодоци на Кристијан Апостоловски и голот на Дамјан Пешовски со 3:0 славеше над Петровец.

Илинден имаше сили само за едно полувреме, откако загуби и од Студена Вода на домашен терен со висок 0:5. Славко Арсовски, Перица Стојановски, Андреј Јованвоски, Андреј Димиќ и Филип Арсовски беа стрелци на погодоци кои паднаа во вториот дел.

Кадино со 2:1 беше подобар од тимот на Раштак. Милан Ристовски погоди за водство на ланскиот второлигаш уште во првата минута од мечот, а веќе во 3. минута Давид Блажевски израмни на 1:1.

По десет минути игра Петре Тасевски постигна гол за конечните 2:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!