ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими го доби БВК Коњаре во дербито на колото и гледа кон бараж за влез во Втора лига

Башкими славеше во дербито на колото во Средно Коњари, каде со 0:2 го доби конкурентот за врвот БВК Коњаре во воведниот меч од 8. коло од Трета лига – Север.

Телевизија М Нет во живо го пренесуваше дербито на колото меѓу БВК Коњаре и Башкими, а тоа е најава за следниот период, гледачите ќе може да уживаат во фудбалските возбудувања од третолигашкиот фудбал со директни преноси од дерби натпреварите. Исто така, натпреварот во живо можете да се следи и на Спортска Мрежа, читателите на нашиот портал во следниот период ќе може да гледаат во живо натпревари од Втора и Трета лига, како и од фудбалскиот Куп на Македонија, а најавуваме дека во следниот период ќе може да се следи во живо и натпревари од Првата и Втората футсал лига на Македонија.

Башкими ја запиша седмата сезонска победа и сериозно граби кон бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига. Егзон Азири во 32. минута од мечот стрелаше за водство од 0:1 за Башкими на полувреме.

Во вториот дел мечот влезе во супер интересна и возбудлива завршница. БВК Коњаре правеше притисок за израмнување на натпреварот и враќање во рамноправна борба за целиот „плен“ или пак за откинување на бодови од лидерот Башкими.

Сите дилеми ги реши Мергим Љутфиу, кој во судиското надополнување односно во 92. минута ја погоди мрежата на Газменд Али за конечни 0:2 и голема радост за гостите од Куманово.

Башкими останува на лидерското место со 21 освоен бод, додека пак БВК Коњаре останува на второто место со 16 бодови. Колото ќе биде комплетирано утре, а втората позиција на БВК Коњаре може да биде загрозена од Аеродром, Кадино, Маџари Солидарност и Фортуна, доколку забележат позитивни резултати.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!