ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Башкими даде 13 гола – Волково понижен како ретко кога, Кадино ја „здроби“ ССК Нова, БВК Коњаре со висока победа!

Денес беа одиграни натпревари од 11. коло на Трета лига – Исток. Колото беше отворено со два воведни натпревари, кои беа одиграни во 10 часот, додека останатите започнаа во 14 часот.

Маџари Солидарност на домашен терен со 4:2 беше подобар од Риниа. Двоен стрелец за домашниот тим беше Игор Пандовски, а по еден гол постигнаа Никола Петковски и Андреј Рајатоски, додека пак за гостите во последните десет минути од мечот погодија Бесир Јусуфи и Абдулфета Исмаили со што го ублажија поразот на 4:2.

Кадино во утрински термин од 10 часот со 7:0 ја „здроби“ ССК Нова. За ланскиот второлигаш хет-трик постигна Ѓорѓи Малов, а по еден гол постигнаа Никола Спасевски, Теодор Стојановски, Андреј Наумовски и Мартин Лазев.

Башкими Љуботен и Фортуна го поделија „пленот“ играјќи 1:1. Домашните први дојдоа до водство со голот на Фисник Зејнулахи, а пак Сеад Јакуп го постави конечните резултат.

Башкими стигна до најубедливиот триумф сезонава и воопшто во Третата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со 13:0 го понижи Волково како ретко кога. Куштрим Даути постигна четири погодоци, двоен стрелец беше Ергин Шерифи, а по еден гол постигнаа Ергин Шерифи, Хевзи Амети, Егзон Азири, Ринор Исени, Бехар Реџепи, Самир Крутај, Буњамин Шакири и Сами Сељими.

Аеродромо дома беше поразена во 90. минута од мечот, откако Томче Павловски постигна гол за триумф на некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Илинден на домашен терен беше поразен од фаворитот БВК Коњаре, кој на своето конто впиша нови три бода. За Илинден единствен стрелец беше Стефан Трајановски, додека пак за гостите погодоците ги постигнаа Фати Јусуфи, Фатон Беља, Амар Исљам и Гезим Бакиевски.

Раштак и Беса Влазрими одиграа 1:1 и си ги поделија бодовите. За домашниот тим голот го постигна Мартин Калчев, а пак за гостите Амир Бајрами.

И мечот меѓу Студена Вода и Петровец заврши без победник со идентични 1:1. Никола Ѓорѓиевски си постигна автогол и уште во 13. минута Петровец дојде до водство од 0:1, додека пак Никола Стевчевски во 24. минута го израмни резултатот на конечните 1:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!