Европски ФудбалФудбал

Барселона во петок ќе го промовира новиот напаѓач

Само што пристигна во Барселона, Роналд Куман покажа со прст кон човекот, барајќи да го доведат наместо Луис Суарез. На крајот на минатото лето, обезглавената Барса не сакаше да ги плати 30-те милиони евра што ги побара претседателот на Лион, Жан Мишел Оулас. Чекајќи, Барселона остана без титула, но барем сега врвниот напаѓач ќе го донесе бесплатно. Предвидено е Мемфис Депај да потпише договор со каталонскиот гигант во петок. Тој е веќе вториот играч кој на „Камп Ноу“ доаѓа без обештетување, бидејќи Серхио Агуеро неодамна пристигна како слободен агент.

Холанѓанецот, рековме, беше мета на Барселона минатата година, нешто посрамежливо и во зимскиот преоден рок, но трансферот сепак не се случи. Договорот на Депај со францускиот клуб истече и желбата на Куман конечно ќе биде исполнета.

Депај започна во ПСВ и летото 2015 година беше продаден во Манчестер Јунајтед за 34 милиони евра. Тој не се снајде во Англија и постигна само седум гола на 53 натпревари за Јунајтед. Ја оживеа својата кариера во Лион. За четири и пол години во Франција, тој одигра 178 натпревари, постигна 76 голови и забележа 55 асистенции.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!