Европски ФудбалФудбал

Барселона сепак не го сака Кавани ?

Иако се пишуваше дека Барселона сака да го доведе Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед, веќе во јануари, новинарот Фабрицио Романо објави дека англискиот клуб всушност не добил никаква понуда за Уругваецот, ниту од шпанскиот клуб, ниту од бразилскиот Коринтијанс, со кого и го поврзале.

„Манчестер Јунајтед се уште нема добиено никаков пристап од Барселона за Единсон Кавани. Во Барселона и понатаму го сметаат Феран Торес за важен член на тимот и немаат намера да го променат тоа. Истото важи и за гласините за Коринтијанс. Нема понуда за Кавани во јануари“, напиша Романо.

Кавани, кој во февруари наполни 35 години, Манчестер Јунајтед има договор до крајот на сезоната и речиси е сигурно дека нема да му биде понуден нов. Сезонава одигра пет натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!