Европски ФудбалФудбал

Барселона отпиша двајца фудбалери, а за нив плати 85 милиони евра

Барселона стана синоним за неуспешни инвестиции. Доволно е само да се потсетиме на Филипе Кутињо, кој беше платен 135 милиони евра од Ливерпул и најскапиот играч во историјата на клубот.

На почетокот на преодниот рок Барса дефинитивно прецрта двајца фудбалери, Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити. Пјаниќ беше донесен од Јувентус за 60 милиони евра. Иако блескаше во редовите на „старата дама“, репрезентативецот на БиХ не се снајде во шпанскиот клуб и ја заврши сезоната со 30 натпревари, без голови и асистенции. На крајот на сезоната, тој не беше дури и во конкуренција за тимот.

Што се однесува до Умтити, тој е „уништен“ од повреди. Французинот пристигна летото 2016 година од Лион за 25 милиони евра, но оттогаш пропушти повеќе од 60 натпревари.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!