Европски ФудбалФудбал

Барселона носи ГОЛЕМО засилување од Наполи

Одличниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње ова лето би можел да ги напушти редовите на Наполи.

Според шпанските медиуми, водечките луѓе на Барселона бараат засилување, а Инсиње е на врвот на нивната листа на желби.

Во следниот период Барселона ќе се обиде да продаде неколку првотимци од минатата сезона, а веднаш потоа ќе започне „борба“ за засилувања.

Официјалната понуда на адреса на Наполи сè уште не е стигната затоа што се чека продажба на играчот, а многу ќе зависи од цената што Наполи ќе ја одреди за својот најдобар играч.

Инсиње игра одлично на Европското првенство, а според странските медиуми, шпекулациите поврзани со трансферот не го вознемируваат во моментов, односно тој е фокусиран на Европското првенство и дури по завршувањето на натпреварувањето ќе се фокусира на иднината околу неговата кариера.

Минатата сезона за Наполи, тој одигра 35 натпревари во Серија А, постигна 19 гола со седум асистенции.

Освен за Наполи, овој одличен играч играше и за Фоџа и Пескара како позајмен играч, а ги мина сите младински италијански селекции и денес е неопходен член на сениорскиот тим предводен од Роберто Манчини.

Неговиот договор со Наполи важи до летото следната година, па Барселона се надева дека ќе го „добие“ по цена значително пониска од она што навистина вреди.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!