Европски ФудбалФудбал

Барселона најде засилување во Челзи

Доаѓањето на Чави Ернандез на клупата на Барселона најверојатно ќе донесе одредени промени во играчкиот кадар на „каталонската гордост“ во следниот преоден рок.

Се повеќе играчи се поврзуваат со Барселона, а шпанските медиуми денеска пишуваат дека одбранбениот играч на Челзи, Цесар Аспиликуета е интересен за каталонскиот клуб.

Наводно, Барселона е подготвена да влезе во преговори со споменатиот фудбалер, чиј договор со „сините“ истекува на крајот од сезоната, а кој се уште не е продолжен.

Барселона со реализација на овој трансфер бесплатно би добила квалитетен фудбалер, а наводно и самиот Цесар Аспиликуета нема ништо против неговото доаѓање во Барселона.

Да додадеме дека искусниот шпански фудбалер во Челзи пристигна во 2012 година од Марсеј, а настапуваше и за Осасуна од која си замина во 2010 година.

За Челзи одигра вкупно 444 натпревари, постигна 14 гола и додаде 56 асистенции. Сезонава за „сините“ одигра 15 натпревари на кои забележа три асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!