Европски ФудбалФудбал

Барселона ја полни касата продавајќи го Гризман ?

Францускиот напаѓач Антоан Гризман би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок, пренесува „Марка“.

Дел од управниот одбор на клубот од стадионот „Камп Ноу“ не е сигурен за потребата да се задржи 30-годишниот фудбалер, кој само во вториот дел од минатата сезона донекаде ги оправда огромните пари во трансферот од Атлетико Мадрид во летото 2019 година.

Според „Марка“, Барселона има финансиски проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот, а продажбата на Гризман не само што ќе ја наполни касата, туку и ќе го олесни буџетот.

Наводно, Французинот е веќе на трансфер листата, но тешко е да се очекува дека каталонскиот клуб може да добие 120 милиони евра, колку што му платија пред две години.

Гризман минатата сезона одигра 36 натпревари во Примера и постигна 13 голови (еден од пенал) и запиша седум асистенции.

Барселона неодамна ги ангажираше Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а наскоро договорот треба да го продолжи Лионел Меси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!